Пејачката Тамара Тодевска во месец март беше една од многуте инфицирани со Ковид-19, но за среќа таа успеа да помине полесно и да се лекува во домашни услови.
На имунитетот по прележана корона му треба време да се врати во нормала, а за повторно функсионирање како претходно, на организмот му реба време да закрепне, на некои повеќе, на други помалку.
View this post on Instagram
Тамара Тодевска на својот Инстаграм пред следбениците откри дека повторно не се чувствува добро и легната во кревет напиша дека повторно има вирус, не потенцирајќи каков, но веројатно по симболот како дополнение, се работи за стомачен.
-Аман од вируси више, пишува Тамара.
Веруваме дека овој пат не е нипто сериозно, ќе помине уште полесно, а таа ќе се врати во топ форма како и секогаш!