Тамара Тодевска со песната „Proud“ и учеството на Евровизија успеа да ја освои Европа, а на Македонија да и донесе историски резултати.
Имено, Тодевска го освои првото место од жирито и седмото место од публиката. По завшрувањето на Евровизија, Тамара се посвети на снимањето на нови песни и нејзиниот нов албум.
Во недела, Тодевска ја објави својата нова песна „Monsters“.Велат дека победничкиот тим не се менува, така и Тамара веројатно водена по тоа реши и за новата песна да работи со најдобрите македонски композитори: Дарко Димитров, Лазар Цветковски и Роберт Билбилов, кои за Тамара повторно ги здружија силите и направија спој на својата инспирација.
https://arhiva.vistina.com.mk/promoter/tamara-todevska-ne-go-menuva-timot-koj-pobeduva-ovoj-pat-za-monsters-video/
Песната премиерно беше отпеана на „Kenga Song Festival“ во Тирана Албанија, од каде е снимено и видеото.
Во рок од два дена, песната има повеќе од 23 000 лајкови на Јутуб, а под истата објава има само позитивни коментари, но и покани Тамара да ја претставува Македонија на Евровизија во 2020 година.
„Оваа песна за „Евровизија 2020“, „ Тамара те обожавам!! Фала ти за сите емоции разбудени од твојата музика“, „Не можам да го опишам чувството. Ја сакам оваа песна. Многу добро за моите уши. Тој прекрасен глас, „Македонска кралица, добра песна за учество на Евровизија“, „Звучи светски, браво Тамара“ се само некои од коментарите.
Колегите на Тодевска исто така ја подржаа пејачката и нејзината прва песна. Прва од нив беше нејзината сестра Тијана Дапчевиќ која на социјалните мрежи откри дека е многу горда на својата сестра.
„Браво сестро, имаме светски хит, а јас сум среќна и горда сестра“, напиша Дапчевиќ.
Каролина Гочева во кратките приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од Тодевска и напиша: „Браво љубави“ и ги повика нејзините следбеници да ја слушнат песната.
Во продолжение слушнате ја „Monsters“.