Радио Милева ко' торнадо и нијагара

Тамара Тодевска ја има формулата: Еднаш месечно и е доволно да топи што треба да стопи… она другото е од чисто задоволство (ФОТО)

Тамара Тодевска ја има формулата: Еднаш месечно и е доволно да топи што треба да стопи… она другото е од чисто задоволство (ФОТО)

Дека Тамара Тодевска е една од најголемите македонски поп ѕвезди не треба да повторуваме, а дека е еден од најдобрите женски вокали во Македонија, па  и пошроко, ич не треба да правиме муабет. Она за што најмногу и најчесто се зборува за неа е приватноста, која заради палавиот карактер на пејачката знае да биде и бурна и шокантна, на моменти несериозна, на моменти откачена, слободна… Со еден збор – немирна… ко’ дете!

Трансформациите на расположението можеби зависат колку од карактерот, толку и од моменталните околности, ама затоа физичката трансформација на пејачката зависи од неа самата… И секако од нечии туѓи вешти раце… И не само раце!

Тамара телото го доведе до совршенство, па иако порано често ги менуваше килограмите, последниве години е некако прилично „стабилна во тежината“ со по некоја ситна вариција плус – минус… И сега логично дека јавноста ја интересира како тоа на пејачката и успева?

Дали е во прашење некоја специјална диета, посебен режим на исхрана како на пример хроно, кето или автофагија, трчање, пливање, теретана… Или некој друг мастраф за пејачката да изгледа како „излиена без мана“?

Тамара со една-две фотографии реши да ја одгатне тајната или барем дел од неа, како изгледа формулата за нејзината убавина… И однадвор и одвнатре!

Расоблечена од половина надолу, ем ја покажа големата шарена тетоважа исцртана на половината што привилегија во посебна прилика имале да ја видат само одбраните, ем потврди дека еднаш месечно и е доволно да топи што треба да стопи… од килограмите! Она што случајно ќе остане нестопено, оди на топење од чисто задоволство… И многу извесно дека не само еднаш месечно!?

Ова е тајната кога е во прашање детоксикацијата на пејачката, ама Тамара освен „прочистување однадвор“ перави и „прочистување одвнатре“… Или што би рекла самата – дезинфекција!

Колку често ја применува истата до душа не кажа, ама затоа покажа колкава и е „пропишаната доза“.  6 Х 0,3 до 0,5 ml Текила со што „дезинфекцијата“ комплетна би била.

И после тоа еве ти ја Тамара… Ко’ „Торнадо“ и „Нијагара“!

Фото: Инстаграм/tamaratodevska

 

To top