Во сабота 13-ти мај ќе се одржи финалето на годинешното 67-мо издание на Евровизија, овој пат од Ливерпул – Велика Британија.
Македонија не учествува на европскиот музички натпревар, но актуелноста за случувањето е присутна и кај нас, без оглед на тоа што намеме претставник.
Откако од првата полуфинална вечер се избраа 10-те најдобри кои се пласираа во финале, нашата пејачка Тамара Тодевска ги изнесе своите впечатоци.
Имено, таа преку своите „стори“ приказни го издвои највпечатливиот настап на големата евровизиска сцена, а тоа според неа е Израел со песната „Unicorn“ и Ноа Киреал.
Модерната и електронска композиција ја пласираше убавата Ноа во финале, а по нејзиниот настап многу се зборува за енергичната кореографија која ја понуди од својот егзотичен танц.
Меѓудругото, Тамара ја навјасаа спомени, па го сподели и нејзиниот највозбудлив момент од Евровизија 2019 година во Тел Авив кога „Proud“ ги добиваше 12-те поени од гласењето, а на крај заврши на втото место според гласовите на жирито.
Инаку, според прогнозите на обложувалниците Шведска и Лорин имаат големи шанси за победа, па останува да видиме…
фото:Инстаграм принтскрин/Јутјуб Eurovision Song Contest