Радио Милева

Тамара Тодевска го покажа трудничкиот стомак во осмиот месец, па се измерија со Џамбазов на кој е поголем (фото)

Тамара Тодевска го покажа трудничкиот стомак во осмиот месец, па се измерија со Џамбазов на кој е поголем (фото)

Пејачката Тамара Тодевска е во осмиот месец од бременоста и веќе се е подготвено за бебето Дарен кој на свет треба да пристигне кон крајот на годината.

Мама Тамара е неуморна трудница која бременоста до последното тримесечје ја помина доста активно, а деновиве покрај тоа што е зафатена со пробите за концертот за Тоше, таа беше и на снимањето на третата сезона на серијата „Преспав“ каде игра нејзинта сестра Тијана во улогата на Германката Ула.

На социјалната мрежа Инстргам Тамара објави неколку фотографии од снимањето на сетот, а таму меѓу актерската екипа беше и Игор Џамбазов кој пак ја игра улогата на Миле.

Тамара и Игор застанаа грб со грб за да ги измерат стомаците чиј е поголем ама во случајот Игор ја„ победи“ Тамара, секако не со труднички, туку со машки квалитетно голем стомак.

 

View this post on Instagram

 

Наградно прашање : “На кого попрво ќе му пукне водењакот?” ???

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on

-Наградно прашање : “На кого попрво ќе му пукне водењакот?”, праша Тамара во описот на фотографијата, а следбениците категорично одговорија дека тоа е „натпреварувачот“ од десно.

To top