Радио Милева

Тамара се потсети на случката со химната и раскажа низ што поминала: „Тоа беше период кога требаше да бидам горда, а јас бев затворена во четири ѕида“

Тамара се потсети на случката со химната и раскажа низ што поминала: „Тоа беше период кога требаше да бидам горда, а јас бев затворена во четири ѕида“

Овагодинешната претставничка на „Евровизија“, Тамара Тодевска досега успеа да оствари најдобар успех, односно го освои првото место од жирито и седмо место од публиката.

По нејзиниот перформанс на европската сцена, Тодевска доби поддршка од целиот регионот, а нејзините колеги и колешки ја нарекоа морален победник…

фото: Инстаграм

Меѓутоа, на прославата на Денот на независнот на САД , Тодевска заборави да го отпее делот од химната каде што се спомнуваат македонските револуценери Гоце Делчев, Питу Гули, Сандански…

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tamara-todevska-na-nastapot-vo-ambasadata-na-sad-gi-izbrisha-ilindencite-od-makedonskata-himna-goce-delchev-dame-gruev-pitu-guli-sandanski-preskoknati-vo-izvedbata-video/

По ова случука, таа наиде на многу негативни критики, осудувања, коментари со кои се истакнуваше дека тоа намерно го направила и исто така се коментираше дека на Евровизија го освоила првото место од жирито бидејќи Македонија го сменилила името.

По  настанот каде што таа не ја пее строфата каде се спомнуваат македонските револицерни, Тодевска јавно се извини на својтот „Фејсбук“ истакнувјќи дека тоа не било намерно, туку понесена и емоциите и возбудата го заборавила тој дел од текстот.

https://arhiva.vistina.com.mk/megafon/tamara-se-oglasi-po-vcherashniot-skandal-ponesena-od-vozbuda-i-emocii-nenamerno-izostaviv-del-od-himnata/

Меѓутоа, ни по извинувањето, не престанаа негатавините коментари на сметка на пејачката, па таа мораше да откаже неколку настапи во Македонија и на кратко се повлече од јавноста.

Деновиве, Тодевска ја издаде својата нова песна насловена како „Monsters“ (Чудовишта), а на фестивалот „Кенга меџик“ во Албанија ја свои наградата за најдобар интернационален изведувач.

фото: Инстаграм

Во интервју за за Wiwibloggs, Тодевска првпат проговори за случката со химната и откри низ што поминала:

„Беше ненамерна грешка и омразата започна. Ме мразеа толку многу! Тоа беше период кога требаше да бидам среќна, горда на себе, а јас бев затворена помеѓу четири ѕида. Се прашував што се случи…
На луѓето кои ме знаат им е јасно дека никој не може да ми каже што да правам. Едноставно згрешив, не беше професионално, но сите грешат. Ова е прв пат да зборувам за тоа, но многу им бев лута на моите луѓе. Тие веруваа дека јас сум се продала. Тие заборавија се, само по два месеци! Велат дека жирито гласало за мене бидејќи го променивме името, не, тие гласаа за нас бидејќи бевме добри“ вели Тамара и првпат проговори на оваа тема.

За потсетување, по успехот на „Евровизија“, Тодевска имаше и неколку настапи надовор од Македонија, а таа истакна дека следува светска доминација.

To top