Радио Милева
Време на разуздана страст

Тамара пред јавност го топи саканиот со бакнежи во образ, а тој покажа каков вешт техничар за бакнување е кога се насамо (фото)

Тамара пред јавност го топи саканиот со бакнежи во образ, а тој покажа каков вешт техничар за бакнување е кога се насамо (фото)

Пејачката Тамара Тодевска уште од пред неколку месеци започна јавно да ја експонира својата нова љубовна врска по крајот на бракот и разделбата со сопругот.

Очигледно силно вљубена во архитектот и дизајнер на ентериери, Лука Радовиќ, таа не се штеди во ниеден случај, време и место за да ги искаже своите чувства.

Понесена од љубовни пеперутки, Тамара не ретко објавува заеднички моменти со саканиот, а речиси на скоја фотографија таа го бакнува во образ.

Она што е за пред очите на јавноста според неа засега е само за бакнеж во образ, онака невино и романтично, а за останатото има место само за нивната приватност.

Лука пак, иако и тој редовно го реди својот профил на Инстаграм од моментите минати со саканата, овој пат преку една фотографија која го асоцираше на неговите вештини, сакаше да покаже колку вешто се бакнува.

Можеби не покажа како тоа практично го прави со Тамара, но затоа направи една споредба преку маталките од мисерот.

Кога шлагот е готов, а на маталките останала убава количина од слаткиот крем, тогаш јазикот работи до кристален сјај.

Ете толку вешт техничар покажа или се пофали дека е архитектот на Тамара.

Колку проценти вистина има во изведбата на ваквата практика, знае оној што искусил и веројатно му е толку најсладок на мераклијата.

фото: Instagram printskrin / radovic_lukaa/ tamaratodevska

Останати вести од Радио Милева