Кристијан Станковски или едноставно @Bombakis, како што се потпишува, за кусо време стана вирален хит со своите довитливи написи и пароли испишани на картон, така што на неговиот Инстагарам профил преку ноќ собра над 10.000 следбеници.
Од шеги и пародии за аномалиите во општеството и власта, до забавни пароли во комбинации со познатите и јавни личности, момчето гио собираше симпатиите на социјалните мрежи, се’ досега…
Кога Кристијан објави „картонска порака“ заедно со Тамара Тодевска, го навлече гневот на социјалните мрежи, покренувајќи вистинско цунами од негативни коментари.
Имено, најпрвин тој и Тамара пред 15-ина дена најпрвин објавија слична порака, која прозвуче симпатично: „Подобро 7-ми на Еуровизија, него први у хејт“ – напишаа тогаш двајцата.
Веројатно сакајќи да ја повторат „картонската парола“ и одново да го соберат онлајн „кајмакот на популарноста“, овој пат по се’ изгледа дибидус ја утнаа работата, навлекувајќи го на себе сиот народен гнев!
Имено, тој и Тамара одново на истата тема реобјавија нова „картонска порака“: „Боље да ја утнеш химната, него ли терапијата“, која за многумина прозвуче навредливо, нехумано и саркастично и тоа од две причини.
Тамара „чепкајќи по старите рани“ сакала уште еднаш „да се извади“ или пошегува на своја сметка, но тоа многумина не го сфатија баш така. Намерна или не, грешката во текстот при нејзината несреќна изведба на химната не и ја заборавија, па секое „копање таму каде што си предизвикал туѓа болка“, скапо чини.
Патем, она со терапијата во времиња кога цела нација, а и не само нашава е на еден вид „терапија“ заради корона пандемијата, уште повеќе им ја закомпликува ситуацијата, па Кристијан и Тамара за час се најдоа на столбот на срамот, хејтот и омразата.
Коментарите на социјалните мрежи, особено упатени на конто на пејачката, просто одново ја „растргнаа“. Следбениците на социјалните мрежи толку брутално и(м) возвратија, што содржината на нивните коментари просто… боли!
Но, како што некој рече за Тамара: „Кој ја тераше два пати да се сопне на ист камен?“
А за „Бомбакис“…? Попаметно ќе му беше да се држи до паролата од почетокот на текстот: „Ќути си, ду*и си“… Ама бидејќи не си ќутеше… Сега и него ќе го…!“