Тамара Тодевска несомнено еден од најдобрите македонски женски вокали во моментов, а и воопшто, што некогаш Македонија ги имала… Раскошен талент, која да живееше на некое друго место, дури и само малку посеверно, сигурно ќе направеше блескава кариера, иако и вака е несомнено музичка ѕвезда со златен сјај.
Од друга страна за многумина палава, несериозна, детинеста, премногу лежерна за еден професионалец… Но тоа е дел од карактерот кој тешко се менува, туку само може помалку или повеќе да се нивелира, да се бруси, но до одредени граници… Како заб до живецот… Натаму не е возможно!
Од брилијантни настапи, изведби и сценски претстави кои ги имала, кога со своите волшебни вокални способности и магични интерпретации ни ги полнела и душите и со солзи очите, до непромислени „излети“ и несфатливи потези, во кои можеби немало намера, туку само лековерна леснотија, која потоа била многу поинаку протолкувана, а за неа повеќе од болно доживеана…
Како “утката“ со изведбата на македонската химна која остана запаметена, заради која „ја распнаа“ и буквално „жигосаа“ до таа мерка, што потоа мораше и самата на еден начин „да се жигоса“ со тетоважа, за да докаже дека во тој чин немало намера, туку само случаен пропуст?!
Како и да е, Тамара можеби тогаш „ја утна“ химната, ама затоа сега ја покажа и својата патриотска страна. Покажа што е и која е, од каде потекнува, каде живее, во која држава, акао ја се вика нејзината земја, како ја доживува својата единствена татковина – Македонија!
Низ избор на преубави фотографии од разни градби, културни знаменитости, културно-историски споменици, најзначајните и најубави верски објекти, преку урбаните градски локации, најубавите и најпознати традиционални македонски јадења и пијалаци, па се до природните убавини на Македонија, Тамара Тодевска покажа дека и покрај се е горда Македонка!
Или како што самата споделила: „Еве на што мислам, кога велам јас сум од Македонија“ !
Тамара на своите Инстаграм приказни споделила колаж од фотографии од македонската престолнина Скопје, со симболот на метрополата – Камениот мост, новиот лик на градот огледан во „Скопје 2014“, плоштадот „Македонија“…
…Водно и крстот на врвот, реката Вардар и калето, кањонот на Матка, пештерата Врело…
Старата скопска чаршија, Боемската улица… Со една реченица, голем дел од сето она што претставува своевидна „икона на македонската престолнина“!
Тамара добро знае дека кој бил во Македонија а не го видел Охрид и езерото, Свети Наум, Св. Јован Канео, тврдината и Плаошник, Пештани и Трпеица… исто како да не бил на гости во нашата убава татковина.
Како што истото важи да дојдеш во Македонија, а да не се качиш на Шара и Бистра, да ги видиш Попова Шапка и Маврово, да не им се восхитуваш на античките мозаици во Стоби и Хераклеа…
…Да не прошеташ по македонските планини и посетиш култниот Галичник и легендарното Крушево, да не го видиш најверниот и најсилен овчарски пес чувар Шарпланинецот, да не си слушнал за реткиот планински рис…
Конечно да дојдеш во Македонија, а да не ја вкусиш преубавата и превкусна македонска храна, надалеку прочуените специјалитети како охидската пастрмка или единственото тавче -гравче, или да не се напиеш по некоја голтка од бројните врвни македонски вина и единствената жолта ракија… Дефинитивно, исто како да не си бил во Македонија.
Тоа добро го знае и Тамара која приказната за своето потекло и својата земја Македонија уште ја зачинила и со двата лика: Јоси Броз Тито, без кој нашата таковина – Македонија немаше да биде она што е денес – независна, суверена и самостојна држава, а нејзината престолнина Скопје надалеку прочуена во светот како родно место на најхумната и најмилостивата граѓанка на планетата, скопјанката Гонџа Бојаџиу, денес светица Мајка Тереза.
После сето ова што пејачката го споделила во својата Инстаграм (фото) сторија, веројатно сега на сите им е појасно на што мисли Тамара Тодевска кога вели: „…Јас сум од Македонија“!
Погледнете како Тамара се доживува себе си и Македонија во видеото подолу (КЛИКНИ ТУКА):
Фото: Инстаграм принтскрин/tamaratodevska