Република Македонија на 15 јули ја очекуваат вонредни парламентарни избори. Според многумина – одлучувачки… Последна шанса да ја биде или не оваа држава? Изборната кампања е во полн ек, реторика се зажестува, но се чини дека некои од изборните видеоспотови уште од првиот ден, со првото нивно емитување во етерот му станаа „трн во око“ на политичкиот опонент. Веројатно затоа што речиси документарно ја отсликуваат реалноста која е повеќе од сурова, а вистината боли… Најмногу оние, чии ветувања наместо исполнувања се претвориле во лаги, во кои ниту самите тие повеќе не можат да си веруваат, зашто ушите можеш да ги излажеш да слушаат се и сешто, но очите го гледаат она што навистина се случува, а душата повеќе не може да ја трпи мизеријата, и неправдата, зашто животот на дното – не е живот… Особено не за секој млад, здрав, прав, способен човек, полн со надежи, желби, мечти, знаење, умеење и енергија тие да сака да си ги оствари во сопствената земја, во чија бесперпективност, за жал е само понижено гласачко бројче во служба на неколкумина политички моќници, нивните фамилии, ним блиските олигарси и нивните слепи послушници… Тогаш што друго му останува на младиот Македонец освен да замине… Далеку од дома, било каде, само не овде, со купен билет за еден правец…!
Токму вакавата состојба реално опишана и отсликана во кадрите на видеото кое ќе ги соочи со поразителната вистина од нивното владеење, ќе ги погоди социјал-демократите, па цунамито безмилосни напади, невкусни коментари, сурови лични навреди, дрски омаловажувања… и кави ти уште не зборови од богатиот арсенал на приземниот вокабулар на политичките неистомисленици ќе се урне врз плеќите на нарачателите, реализаторите и протагонистите во изборниот рекламен видеоспот на ВМРО-ДПМНЕ, во кој најголемиот број од „отровните пикантерии“ ќе бидат фокусирани на главниот лик – младата девојка која разочарана од „безнадежноста и животот во земја на дното“, сака да ја напушта својата татковина… засекогаш!
Но, која е всушност младата русокоса убавица што го исплаши „ѕверот“, која така убедливо влегувајќи во улогата, уверливо ја отслика македонската реалност во последниве години? Толку уверливо што „им ги побрка лончињата“ на политичките опоненти, па нивните платени мегафони во режимските медиуми и послушните дежурни лајачи на социјалните мрежи ги „истерсе од“… знаете веќе што?
Тамара Михајловска е обична млада девојка, која е студент на Факултетот за електротехника и информациски технологии на отсекот – Електроенергетски системи, каде зема активно учество во студенстските настани кои ги спроведува факултетот и како што самата вели, нејзиното презиме нема никаква роднинска врска со актерот Тони Михајловски. Многумина ја препознаваат преку нејзиното хоби – фотографијата, за која ќе се заинтересира уште на 16 години кога го освоила првото место на државно ниво за фото-сторија на тема: Животната средина и нејзино зачувување. Тоа ќе и овозможи да учествува на натпреварот на европско ниво, каде ќе го освои второто место, а со тоа нејзините дела ќе бидат објавени на фотографска изложба во Лондон. Следниот голем чекор го прави како претставник од Македонија за CNN-iReport како photojournalist за настанот „Водици во Скопје“, по што вратите широко и се отвораат за повеќе фотографски настани низ цела Македонија од кој и настанот X-Factor во Скопје.
„Покрај фотографијата пасија ми се балетот, уметничко лизгање и секско глумата, а исто така ги обожувам животните и патувањата“ – ја започнува својата приказна Тамара ексклузивно за Вистина.ком.мк
Актерската ролја во споменатиот изборен спот кој на владеачката партија и „боде очи“ не и е прва улога на младата Тамара.
„По позитивните коментари од изборната реклама за претседателските избори 2019 година , бев повикана на аудиција за реклама за оваа изборна кампања. Во сценариото најдов многу суштински и реални проблеми со кои се соочуваме ние младите во Македонија и поради таа причина ја прифатив улогата“ – вели таа, и додава дека е долгогодишен активен член во партијата, бидејќи смета дека младите се оние кои треба да ги донесат промените во Македонија.
„Партиски сум активна првенствено со цел да придонесам во обновата на Македонија. Кандидат сум на листата за пратеник во Изборна единица 1 по предлог на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Сигурна сум во убедлива победа на изборите, а со тоа и сите можности се отворени“ – самоуверено тврди таа, надоврзувајќи се на пораката што ја испраќа изборната реклама во која таа игра:
„Сметам дека рекламата испраќа порака за младите во Македонија и нивните емоции во момент на напуштање на својата татковина. Пораката е младите да останат дома да се борат и придонесат за својата посветла иднина во Република Македонија. И самата сум имала можност да ја напуштам Македонија, но одлучив дека треба да останам, затоа што искрено се надевам на подобра иднина. Таа подобра иднина ја гледам во програмата – Обнова на ВМРО-ДПМНЕ, каде максимално е ставен акцент на младите, нивниот просперитет и обезбедување на услови за нивно градење како интелектуалци кои можат да придонесат во развојот на Македонија. Затоа на оние кои размислуваат за напуштање на земјава им порачувам: Останете да ја изградиме заеднички нашата посветла иднина во Македонија. Тука да ги продолжиме нашите корени и да створиме безбедно и убаво место за живеење“ – вели Тамара, коментирајќи го нападите и атаците врз видеото и лично врз себе:
„Искрено очекував рекламата да ги погоди моите партиски неистомисленици, од причина што тие истите ветуваа враќање на младите и тврдеа дека обезбедиле живот за нив и нивен просперитет во Македонија. Но по сите недолични и крајно шовинистички реакции упатени лично кон мене, можам да кажам дека пораката од рекламата за младите е реална. Многу од младите не заминуваат од Македонија само заради економоски причини, туку заради тотално крахираниот систем на секое поле, предводено од нивното раководство. Затоа тие реакции всушност ги доживувам како нивна немоќ да се одбранат од нивниот неуспех кон сето тоа што ветиле за младите, а ништо не исполниле. Почитувам сечие мислење, но во границите на конструктивна критика… Останатите треба да научат да се посветат првенствено на својот живот и да научат за морални вредности“ – ги објаснува недоличните коментари и навреди кон себе оваа млада девојка.
Улогата во спотот воопшто не и било тешко да ја одигра, бидејќи, како што самата потенцира, тоа не е глума, туку се соживеала со потешкотиите и иселувањето на младите со кои, за жал, се соочуваат. Актерското искуство на Тамара датира оддамна, уште времето на средношколските денови во гимназијата Р.Ј. Корчагин, каде што се изведуваат одлични средношколски претстави. Токму на нив ќе го стекне искуството на сцена за актерство, ќе придонесе за нејзината умешност во глумата.
Во меѓувреме, покрај студиите и политичкиот активизам, Тамара Михајловска продолжува да го осознава фотоапаратот и фотографската наука.
„И до сега сум сликала повеќе типови на фотографија. Импресионирана сум од црно-белата воедно и аналогната фотографија. Моментално се насочувам на уметничка и пејзажна фотографија од местата што ги посетувам“ – ја завршува својата приказна оваа убава, шармантна, интилигентна и исклучително храбра и отворена млада дама, која очигледно не се плаши од предизвиците на животот. Напротив, храбро им оди во пресрет, за да си обезбеди поубава и посреќна иднина, себе си и на младите, како од својата, така и идните генерации во Република Македонија.