Откако пред две години ја доби малата Хана и за првпат стана стана мајка, Тамара Тодевкса ужива во мајчинството и секој слободен момент и го посветува на ќерката.
Тамара е една од најактивните личности на социјалните мрежи, па најчесто споделува фотографии од нејзината Хана.
Неодамна пејачката ја потврди веста дека е бремена и дека таа и нејзиниот сопруг Александар Димитровски ќе станат родители на нивното второ дете.
По краткиот одмор на море, пејачката замина во родниот крај на сопругот – Гевгелија од каде заедно го открија полот на бебето кое го чекаат. Имено, Тамара ќе стане мајка на машко, а Хана пак ќе добие братче.
Оваа вест ја израдува Тодевска и сопругот, а првите честитки пристигнаа од семејството.
Mоментот кога Тамара дознава какво бебе чека го сподели на својот Инстаграм профил.