Српската старлета Тамара Ѓуриќ има нов, скап, суперлуксузен спортски модел на „Мерцедес“.
„Работи жената, па си штеди од платата“ – саркастично прокоментираа поединци. Старлетата сакајќи да се пофали со новото „мече“, дури специјално отиде на фризер и шминкер за да се среди пред да се фотографира со автомобилот!
Арно ама, онака како што беше (с)облечена, Тамара попусто ги фрли парите за разубавување.
Зашто на фотографиите сите гледаа во нејзините огромни голи гради, кои речиси и испаднаа од деколтето на фустанчето, па Мерцедесот никој и не го забележа…
Па дури ни механичарите! До душа на „мечето“ предницата не му се ни гледа како што треба на фотографијата, ама затоа на „мачето“… Предницата му се прелева… И тоа од сите страни! А Бога ми и задницата личи дека е добро избалансирана!