Тамара Ѓуриќ, која беше една од водителите на третата сезона на реалното шоу „Задруга“ на „Пинк“, ја откажа свадбата што беше закажана за Видовден.
Тамара, која е во третиот месец од бременоста, требаше да застане пред матичар со својот сакан на 28 јуни, но тие решија да ја откажат свадбата и да чекаат да се стабилизира сегашната состојба во Србија со коронавирусот.
– Драги пријатели, би сакале да ве известиме дека веселбата закажана за 28 јуни, за безбедноста на сите нас, ќе бидде одложена додека не се стабилизира ситуацијата со круната. Ќе бидете известени поединечно – напиша таа на својот Инстаграм профил.