Радио Милева „украден уметнички живот“?

Тамара Ангеловска стана оперска певица „со тапија“: Пејачката дипломираше во Бугарија, ама прашање е дали ќе се врати во Македонија или со уште еден наш уметнички кадар ќе го засилиме источниот сосед? (ФОТО)

Тамара Ангеловска стана оперска певица „со тапија“: Пејачката дипломираше во Бугарија, ама прашање е дали ќе се врати во Македонија или со уште еден наш уметнички кадар ќе го засилиме источниот сосед? (ФОТО)

Некогаш талентираната македонска поп пејачка Тамара Ангеловска полека станува позната и во Бугарија, каде тукушто ги заврши студиите по музика. Имено шармантната убавица стана дипломирана оперска певица на Новиот бугарски универзитет, па така сега Тамара е уметница „со тапија“, која останува на неа како и каде ќе ја искористи.

Кога сме веќе кај можностите, додека беше дома, во Македонија,  младата македонска поп пејачка најчесто настапуваше на домашните и меѓународните фестивали од каде носеше и награди… Уште како средношколка во  во средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, се определи музиката да и биде животна професија. Класиката или естрадата, флејтата која учеше да ја свири како инструмент во средношколските денови или оперскиот глас, кој го школуваше во Бугарија?

Или можеби нешто сосема петто, за кое не одела на училиште, но нејзиниот харизматичен лик и талент за уметност го препознале и продуцентите на познатата, па и кај нас популарна бугарска ТВ серија – „Украден живот“ која се емитува(ше) на ТВ „Алфа“, во која  сега тукушто дипломираната оперска певица, заврши како глумица и ја добила улогата на бремената Тања.

Дали Тамара на музиката која толку ја сака дефинитивно ќе и го посвети животот или глумата ќе и го „украде животот“ на музиката, која цел живот ја учеше и усовршуваше, останува на определбата на младата македонска уметница.

Како и уште една, можеби поважна работа и лично за неа, ама и за Република Македонија: Пејачката дипломираше во Бугарија, ама прашање е дали ќе се врати во дома и ќе го најде „своето место под сонцето“  во Македонската опера и балет или со уште еден наш уметнички кадар ќе го засилиме источниот сосед?

„Б’лгарите, њама дилеми“ дека со раширени раце ќе пририфатат уште еден македонски „украден уметнички живот“ да го претстават како… нивен успех!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Angelovska (@tamaraangelovska)

Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/

To top