Жарко Јовановиќ е талентиран 26-годишен кумановец кој можете да го видите во некоја од улогите во претсатавите на кумановскиот театар каде што игра и глуми. Сепак, со неговите видеа на социјалните мрежи можете да се насмеете до солзи, особено од оние кои се инспирирани од дневнополитичките настани во земјава, која, како што вели самиот, постојано нуди нов материјал за „циркуз“… Пардон, за комедија.
Инспирацијата на младиот актер не му нефдостига, а дарбата и талентот се оние нешта што го прават посебен, уникатен, неодоливо хуморен и забавен…
Жарко почнал да настапува најпрвин по кумановските кафулиња пред една година, каде потоа станал редовен дел од забавата и репертоарот на поедини локали.
Самиот е свесен дека дека за поширока афирмација покрај социјалните мрежи и Јутјуб каналот, медиумите дефинитивно можат да бидат од голема помош.
„Добриот маркетинг би помогнал затоа што денеска медиумите се буквално сè. Ако те нема таму, како да не си во игра“ – смета младиот комичар, но сепак работата и само работата, е она што го детерминира патот до успехот во денешно време, вели Жарко.
Тој веќе има дузина видеа поставени на неговиот Јутјуб-канал наречен „Ајде да зажмуримо“, за чија изработка му помагаат Мартин Славољубовски (камера, тон и монтажа) и Елена Клековска (анимација).
Еден од неговите хумористични видео -перформанси кој по фудбалските достигнувања на ммакедоската репрезентација стана актуелен, е оној во кој кумановскиот зактер и забавувач покажува како би звучеле македонските политичари и познатите личности кога би биле фудбалски коментатори, ќе ве пукне од смеа и ќе ви го разубави денот.
Погледнете во продолжение наместо од говорницата или сцената како би звучеле од коментаторското столче: Циц, Грујо, Милчин, генерал Стојанче, Заев, Иванов, Васко Ефтов, Кили, Мето Јовановски… Душата треба да се радува, ама и слатко да се смее!