ТВ серијата „Преспав“ веќе некое време не ја гледаме на телевизија со нова сезона, но со драга волја ги гледаме репризите за слатко да се насмееме. Дритон Вејсели или познат како рецепционерот ја освои ТВ публиката со оваа улога во македонската хит серија, па оттука во никој случај тој не би можел да биде заборавен.
Сега Дритон на телевизија го гледаме во доку-серијата насковена „Радиус“ каде заедно со колешката Ана Стојановска се истражувачка водителска двојка.
Дритон како актер знае и умее редовно визуелно да се менува, како според потребите на улогите, така и приватно. Досега сме го виделе со кратка фризура, со мустаќи, брада, покуса или подолга, а овој пат од најновата овјава односно промена тешко би го препознале.
На неговото „стори“ на Инстаграм Дритон позира во природа во елегантно издание, со коса врзана во опавче и со долга брада. Ваков доколу не прочитате дека сте на неговиот профил, тешко ќе знаете дека е тој. Веројатно сцената е од некој сет од проект на кој работи.
Дритон со својот хумористичен, интересен, забавен лик ги освои срцата на публиката, па стана еден од омилените актери на гледачите, а неговите смешни сцени, коментари реакции, изрази на лицето, гестови, гегови и фаци, останува еден од највпечтливите ликови кои редовно го гледаме во ТВ етерот.
фото:Инстаграм принтскрин/Дритон Вејсели/Пансион Преспав