Заврши и третата сезона на серијата „Преспав“ која ги сруши сите рекорди на гледаност и имаше одличен фидбек кај публиката.
Двесет и петгодишниот Дритон Вејсли ја игра улогата на рецепционерот Талат во „Преспав“.
Неговата специфична улога, тетовскиот дијалект, згодите и незгодите кои ги предизвикува со сопртвениците и гостите на пансионот, го направија лик кој гледачите на серијата со нетрпение очекуваат да го гледаат во секоја нова епизода.
Сите знаете како изгледа Талат, а за него во приватниот живот ви пишувавме претходно во вестите на вистина.ком.мк
Дритон често објавува фотографии на социјалните мрежи, па многумина не би го поврзале со ликот на Талат.
Во најновата објава на „Инстаграм“, Дритон сподели фотографија од своето детство.
Вака изгледаше Талат како дете.
