Двата најголеми фестивали во организација на „Пасворд Продакшн“ – “Таксират” и “Д Фестивал”, се во трка за престижните „Европски Фестивалски Награди“ (European Festival Awards), најзначајното признание за музичките настани на стариот континент. Нашите фестивали се единствени од Македонија номинирани во две различни категории заедно со 45 други фестивали од 19 држави ширум Европа.
Зимскиот “Таксират” влегува во категоријата за „Најдобар фестивал во затоврен простор“, додека пак “Д Фестивал” е номиниран за „Најдобар мал фестивал“ односно категоријата во која спаѓаат фестивалите со капацитет од 10.000 посетители дневно. По оваа исклучително значајна номинација, за изборот на победницте следно е главниот збор на милионската публика од целиот свет која веќе гласа за своите омилени фестивали. Гласањето е отворено за сите, па и македонската публика.
„Европските Фестивалски Награди“ се најзначајното меѓународно признание за препознавање на квалитетот на фестивалските организации на кои се должи европската разновидна и енергична фестивалска сцена. Токму затоа за победниците од секоја категорија одлучуваат оние кои се најважниот дел од музичките фестивали – публиката.
Преку отворено гласање на официјалната онлајн платформа – European Festival Awards јавноста ќе може да гласа во сите категории и секако да ги поддржи „Таксират“ и „Д Фестивал“ со својот глас сѐ до 7 декември