Радио Милева

Тајзи проговори за својот приватен живот и откри дали е „сингл“ (видео)

Тајзи проговори за својот приватен живот и откри дали е „сингл“ (видео)
фото:принтскрин/јутуб

Македонскиот пејач Драган Величковски или познат како Тајзи беше гостин во емисијата „Ексклузив“.

Повод на неговото гостуваше беше неговата нова песна „Гори“ , а како што истакна тој самиот не сака да гостува доколку нема што да каже.

„Чекав нов материјал, бев во обврски со тоа што го подготвував. Кога сум со нови песни се фокусирам на музката, кога ќе дојде време да си кажеме нешто ќе си најдеме начин“ изјави Тајзи.

фото: принтскрин/фб/1тв

Освен за песната и музичките планови, Тајзи во „Екслузив“ проговори и за својот емотивен статус.

„Немам девојка, но сум заљубен“ изјави Тајзи.

Пејачот не сакаше да го открие името на девојката која му го украла срцето.

Во продолжение слушнете ја новата песна на Тајзи.

Останати вести од Радио Милева