Радио Милева потерница по зајко

Тајна акција во центарот на Скопје: За време на протестот против неправдите, непознати лица во црно БМВ го однесоа Зајко на „прав пат“!?

Тајна акција во центарот на Скопје: За време на протестот против неправдите, непознати лица во црно БМВ го однесоа Зајко на „прав пат“!?

25-ти февруари 2020 година… Во македонската престолнина врие како во кошница. Илјадници на улиците на метрополата во протест против неправдите. Оние истите што тие неправди ги донесоа, никаде ги нема. Скриени како зајци, ѕиркаат зад завесите на околните витрини, со широко ококорени очи и начулени уши!

И додека надвор атмосверата доживува кулминација од незадоволство против неправдите, во строгиот во центар на градот  се одвива тајна операција. Скришна акција во која цела ноќ на ул. Македонија се води тешка битка за извлекување на Зајко.

Мистериозни луѓе во црно наоколу… Се паркира црно БМВ со бугарски ознаки, поточно софиски регистарски таблички, а непознатите влегуваат во кафезот и го „крадат“ зајакот. Уплашен и блед од големите протести, со подвиткана опашка и клапнати уши, од скривалиштето Зајко одново се упатува  на „прав пат“… Овој пат за Софија!

Зајко го зедоа, ама „шарените пилци“ ги оставија  во кафезот… со нив и понекоја кокошка!

Македонија нема време за чекање, веднаш е распишана Потерница:

„Исчезнат е Зајко. Последен пат е виден вчеравечер, на 25.02.2020 година во својот привремен дом, „кафезот“ на улица Македонија околу 22 часот и 45 минути. Оттаму насилно е извлечен и ставен во патничко возило марка БМВ со бугарски ознаки, односно софиски регистерски таблички.

Потоа „ослободителите“ заедно со него по „прав пат“ се оддалечиле, а во кафезот останала да тагува само една осамена шарена кокошка…!

Фото извор: Фејсбук

 

 

To top