Радио Милева трауматско искуство

Тајчи: „Како тинејџерка бев силувана“

Тајчи: „Како тинејџерка бев силувана“

Една од најголемите поп-икони во 90-тите години, Татјана Матејаш, позната како Тајчи, која по распадот на бивша Југославија со години живее во САД, во една прилика изјави дека и самата била жртва на сексуално злоставување. Како што вели, кога била тинејџерка, била силувана, но не сакала да каже никому за тоа.

„Сè уште бев во тинејџерски години, тоа беше пред да станам славна, ме силуваа и верував дека тоа е моја вина. Затоа не сакав да кажам никому. Ние мора да создадеме средина во која жена или маж нема да веруваат дека се виновни кога ќе им се случи такво нешто“ – призна Тајчи своевремено за медиумите. Таа вели дека била на психотерапија со години и и требало многу време да зборува отворено за тоа.

 

„Со години на психотерапија, длабока потсвест, ми требаше долго време да се отворам и да го залечам тоа“ – рече таа.

„Како мајка на три сина и креативен претприемач, секој ден се справувам со голем стрес. Во текот на мојот живот, се занимавав со навистина големи работи: ги изгубив сопругот и татко ми од рак, се борев со депресија и анксиозност со години, како тинејџер поминав низ трауматско искуство поврзано со сексуално насилство и се борев да сакам се и поврати ја самодовербата. – рече Тајчи.

To top