Српската група „Милиграм“ утрово се огласи на социјалната мрежа Инсатграм со објавата на видео преку кое споделија тажна вест.
Басистот на глупата Слободан Васиќ Лима (33) починал по битката со тешката болест. Скршени од болка дека нивниот соработник и добар пријател ја изгубил битката за животот, членовите на групата се огласија со потресна порака.
-Денес по кратката и тешка болест почина басистот на „Милиграм“ Лима Слободан Васиќ (33). Секоја секунда од неговиот живот носеше насмевка, неверојатна енергија која несебично ја делеше околу себе правејќи им го животот на сите во негова близина убав. Почивај во мир, брате, во нашите срца ќе свириш додека знаеме за себе. Засекогаш твој „Милиграм“ – пишува на Инстаграм.