Само два дена откако пејачката го прослави роденденот на својата ќерка Тара, Ана Николиќ поради смртен случај во семејството морала да ги откаже своите настапи.
Имено бабата на пејачката починала, а Ана во овие моменти е неутешна и најголемата поддршка ја добива од сопругот Раста и братот Марко како и нејзината мајка Милјана.
-Мојата душа…отиде вечерва… и како да чекаше да се заврши…да го прославиме роденденот и крштевката на Тара и добивањето на синот на Марко…А потоа ги склопи очите! Сега е на подобро место. Ти знаеш да во моето срце си моја душа засекогаш…Те сакам бабо, напиша пејачката на својот Инстаграм профил.