Радио Милева тангента на животот

Таа „шарена“, тој патриот: Уште еден доказ дека Игор Џамбазов и Илина Арсова се идеален „спој од неспоиво“? (ФОТО)

Таа „шарена“, тој патриот: Уште еден доказ дека Игор Џамбазов и Илина Арсова се идеален „спој од неспоиво“?  (ФОТО)

За нив двајца и нивната љубов речиси секојдневно се пишува… Врска со нејасна „разврска“ како ќе заврши? Засега ниту со втор брак на актерот, ниту  секој по своето џаде… И можеби подобро, зашто по се’ изгледа Илина и Игор вака најдобро функционираат.

Иако тотално различни во нив има нешто што ги прави „исти“, па многумина се обидуваат да им ја најдат  точката на спој, на заеднички интерес, да им го најдат нивното НЗС, што би рекле некои прецизно математички гледано. Зашто, колку и да се спротивни по карактерот, определбата, професијата, сферата на интерес… сепак, мора да има нешто што ги привлекува, некој магнетизам кој „плусот и минусот“ ги „лепи“ едно за друго. Некоја „тајна врска“ што ги врзува како „сидро кое лаѓата ја чува, да не биде на бурата плен…“, што би рекол поетот Горан Бреговиќ, чиј кандидат за пејач на неговиот бенд своевремено и Џамбазов претендираше да биде… Или барем таква медиумска прашина се крена, кога пејачите го напуштаа „Бијело дугме“…

Нејсе, барајќи им ја заедничката „точка на топење“, понекогаш и не мора да загребете длабоко под површината за нештата да бидат појасни… Доволно е да се почека едно мало ветре да дувне и да ја разнесе наталожената прашина, за поедини детеали да излезат самите на површина… Доволни за да ја откријат целата слика.

А, кога сме веќе кај сликањето и уметноста воопшто, природно би рекле таа треба да биде врзана и вткаена во ДНК-то на Џамбазов. И е, ама од уметнички пориви не е пелцувана ниту неговата понежна (или посилна?) половина, Илина мома.

Јавно новоизложеното ликовно дело на социјалните мрежи на силната планинарка, најдобро ја потврдува претпоставката, дека во секој „плус има и нешто минус“ и обратно.

Имено, Џамбазов на Инстаграм сподели едно од уметничките дела на Арсова, која можеби малкумина се запознати, меѓу сето останато има уметничка дарба за сликање. Во уметничките дострели не сме компетентни да навлегуваме, но она што е познато, а и се гледа дека таа главната инспирација ја црпи од планинарството, природата, екологијата  и секако – животот… Оној, другиот, урбаниот, општествениот..!

Впрочем тоа и саматата го тврди, а го потврдуваат и нејзините уметнички дела, од кои некои, веќе биле изложени на домашни и меѓународни изложби.

Ова што како последно го споделил Џамбаз на социјалните мрежи е токму такво – од животот… не е од природата, туку од општеството… Ова нашето, македонското… И она што му се случуваше пред неколку години „со наводна причина“, а денес истото го чувствуваме како сериозна последица… Тогашните протести против т.н. „режим“ и „Шарената револуција“ како лајт мотив, како инспирација за толку посакуваната „слобода“ која не „зароби“ во кафез со невидливи решетки, со и тоа како видливи последици… Сите нас, меѓу кои и мнозинството од оние што тогаш протестираа… Освен оние, што од тоа дебело профитираа.

И вака гледано на прва, некој ќе си рече ова нема логика:  Игор Џамбазов – Република Македонија, кој и тоа како покажал и докажал дека е голем патриот и во песна и низ стихови и на дело… во иделна, „неспоива спојка“ со „шарената“ Илина Арсова?!

Но, тоа само така изгледа… Сепак има едно нешто, една допирна дочка, една тангента која го допира кругот кој се затвора токму таму, во таа точка која е најсилна и како „суперлепак“ го држи да не се скине… затоа и така функционира… Силно!

Можеби затоа токму тие двајца тука и ја нашле својата толку посакувана „СЛОБОДА“ во животот… Онаков, каков што посакуваат да го живеат. Секој од нив слободен, а сепак заедно! Како кругот и тангентата… Секој бренд за себе, а сепак споени во една точка што силно ги врзува… Мала будалеста работа, наречена… ЉУБОВ!

 

 

 

 

To top