Популарниот пејач Кеба во емисијата „Ново утро“ на Пинк ТВ премиерно ја изведе песната „Добра страна мог живота“, а за ало.рс проговори за некои работи кои не се толку познати на јавноста, меѓу нив за односот со Северина и неговиот син Игор Којиќ.
„Добрата страна на мојот живот се убавите спомени, а оние лошите не се трудам да ги запаметам“ вели Кеба.
Во медиумите многу се полимизира односот на Кеба со неговата снаа, хрватската пејачка Северина.
„Неизбежно е да кажам нешто за неа. Мислам дека Северина не заслужи да се зборуваат такви приказни за неа и за нашиот однос. Морам да кажам дека е прекрасна мајка, сопруга, човек и многу чесна и искрена жена. Јас секогаш го кажувам тоа со полно срце, а секој кој им го прави тоа им посакувам многу љубов“ вели пејачот.
Кеба имаше и порака за неговите кои не го сакаат и почитуваат.
„Еве траам 35 години, но можам да кажам дека има голем број на луѓе кои ме сакаат, но знам дека има и оние кои помалку ме сакат. Јас секогаш давам љубов и не размислувам дали ќе ми се врати“ вели Кеба.