22. издание на „Златна бубамара на популарноста“ и овој пат ги собра естрадните лица, политичарите, актерите, пејачите, новинарите… И на сцената и во публиката. На најголемото стенд ап шоу што низ смеа, сатира и хумор проследени со музика ги сумира врвните достигнувања во изминатата година и овој пат беа доделени дзузина награди. Од откритие на годината до животно дело… Поеќето заслужено, а некои до душа и без покритие, ама…
Меѓу наградените и таа… Сопственичката на најдолгите и најубави нозе на годинешната „Златна бубамара 2019“! Манекенка, модел, бивша мисица, со статус разведена, мајка на две деца…
Дама во вистинска смисла на зборот и по стас и по однесување, во години на зрелост и изглед на тинејџерка.
Ем додели, ем доби награда… на Перо Антиќ му ја врачи бубамарата за спортска легенда, нејзе и ја дадоа за најпопуларен фото модел на годината.
Можеби и не е откритие нејзиниот изглед, зашто оддамна е познато дека Вера Мештеровиќ е „бомба“, ама она што ја истакна и издвои од другите на вечерта на „бубамарите“ беа разголените долги нозе. Ионака со кошаркарска висина, Вера покажа како изглед да си госпоѓа или госпоѓица, со „нога уз врат“!
Атрактивна, згодна, привлечна, пожелна, секси… таа вечер немаше (вистински) маж што изгледот на Вера не го тера на „грев и афера“… Ако,воопшто е грев да му се допаѓа или да биде со вака згодна дама!
За гардеробата, стајлингот, шминката, фризурата… Тоа ќе му го оставиме на некој што тоа му е работа и повеќе го интересира како најпопуларниот топ модел на годината изгледа облечена, отколку да речеме, соблечена!
Ние само да потсетиме дека сопственичката на најдолгите нозе на годинешната „Бубамара“ подеднакво изгледа секси и кога е само… по чаршафи!