Помалата ќерка на актерот Кирил Поп Христов и неговата сопруга Гордана Деан Поп Христова, Јоана пред некој месец се омажи во Еквадор.
Таа за свој партнер одбра момче токму од оваа држава каде што се пресели, а овие радосни вести на својот Фејсбук профил ги сподели мајката на Јоана.
Меѓутоа, по свадбата во семејството пристигнаа нови убави моменти вредни за паметење. Имено, неодамна Јоана се породи, а таа и нејзиниот сопруг станаа родители на синчето Аниш Круз.
Тие уживаат во секој миг поминат со најмалиот член на семејството, а тој сигурно им носи нови радости и енергија во домот.
Во негово друштво и ужива баба Гордана која не се штедеше да истакне дека Аниш е прекрасен внук.,
Таа на социјалните мрежи објави фотографија со внучето од Еквадор, а во описот напиша:
„Прекрасен внук, убав внук“.
За потсетување, неодамна Гордана откри какво е семејството каде се омажи нејзината ќерка и истакна дека станува збор за традиционално семејство по сите еквадорски правила – многу љубов, поврзаност, деца, едноставен живот.