Активна е на социјалните мрежи, споделува фотографии од активностите кои и го сочинуваат денот, без разлика дали вежба, дали дели совети или мудри мисли, дали е на снимање. Неуморна е. Погодувате ли за кој станува збор ?
Се разбира тоа не го прави било кој, па јасно е како ден, кој ако не македонската ТВ водителка и пилатес инструкторка, на која готвењето и е слаба страна, Снеже Велков .
Па, иако е јасно како ден Снеже не готви преку ден таа е неуморна и спрема, готви во било кое време, за неа тоа нема никаков проблем и значење.
И овој пат таа готвеше што за неа тоа не е првпат но, сега не било кога туку доцна, доцна навечер…
„Кој шетал по новогодишни журки, го задржува правото во ниедно време да праи руска салата“, – напиша таа.
Веќе одбројуваме до крајот на оваа година, па нема многу време и што да се чека, новогодишната руска салата веќе треба да се спрема за празничната трпеза да биде цела.
На водителката готвењето и е слаба страна, затоа таа ќе готви кога и да треба бидејќи ужива и блеска во се што прави за да биде тип топ сѐ и за домашниот дочек.
Таа во Новата си вети и дека ќе јаде повеќе протеини и ќе пие повеќе вода. Секако новогодишните ветувања се ветувања дека нешто ќе престанеме да правиме, а Снеже си вети нешто повеќе:
„Си ветив! Во Новата ќе пијам повеќе вода и ќе јадам повеќе протеини!
Знам дека обично новогодишните ветувања се поврзани со нешто што веќе НЕма да јадете или да пиете во идната.
– Веќе благо не.
– Леб нема да јадам
– Ќе намалам со газирано.
– Чипсови и грицки нема
Епа ова што нема, несакајќи го решив ама сега мора да има. Вода и протеини. Заради веганскиот начин на исхрана признавам имам мањак на протеини а со тоа и изградбата на мускулите ми иде потешко, па ако не сакам да се згрбавам ( така ми рече еден мудар човек) морам да работам на мускулите и на протеините кои ќе ми ги градат мускулите, а ако сакам да не ми изгледа
кожата исушена како сува слива т.е клапната вода му е мајката. А дехидриран човек богами е и поспан човек. А и глава го боли (не ме прашувајте од каде знам)
Ама јас сум ви од тие на кои ич не им е првлечна водата безвкусна и онака.. Можам ни една чаша да не испијам цел ден. Шок нели?
Епа си ветив а ветувањето го давам и пред вас.
Вода мора да пијам! Ќе почнам со две на ден. И ќе си зголемам до 4-5..Надежно“
Епа, за ова се подготвува водителката во годината што иде. Барем од она што е дозволено да се знае. Она другото… Која – како!
Фото: Принтскрин/Инстгарам/Веков Снеже