Каролина Гочева е на насловната фотографија на најавата за изложбата на нејзиниот сопруг, уметникот Михаил Корубин во Њујорк. Настанот ќе се одржи на 18 април, а фотографијата од Каролина е од неговата претходна изложба во Скопје.
„Мило ми е да ја најавам мојата соло-изложба ’Gaze’ во Галеријата МЦ во Њујорк. Изложбата вклучува слики од среден до голем формат во масло и акрилик на платно. Се надевам дека ќе се видиме таму наскоро“, објави Корубин на својот Фејсбук профил.
Да ве потсетиме дека портрет на Каролина, кој го наслика токму Корубин, беше и насловната фотографија на нејзиниот актуелен албум „Извор“. Очигледно таа е не само негова сопруга, туку и негова уметничка инспирација, неговата нова… муза!