Радио Милева

„Таа е многу нормална личност“: Еве каква сосетка е Вики Миљковиќ

„Таа е многу нормална личност“: Еве каква сосетка е Вики Миљковиќ

Вики Миљковиќ купи три стана на вода во Белград, меѓутоа се уште не се преселила во новата луксузна зграда.

Пејачката заедно со синот и сопругот живее на Бежаниска коса.

Нејзините соседи имаа само пофални зборови за пејачката.

„Одлична е сосетка. Не се однесува како ѕвезда, многу нормално се однесува. Моите деца се дружат со нејзиниот син. Андреј е добро воспитано дете. Вики е многу нормална. Излегува без шминка, оди во продавница, со сите се поздравува. Често пиеме кафе, многу е пријатна и љубезна жена. Излегуваме во пресрет една на друга кога треба да се чуваат децата“ вели првата сосетка на пејачката.

Друга сосетка вели дека не ја гледа често.

„Ја гледам за викенд кога ќе дојде од пат со сопругот. Многу нормално се однесува, но без шминка е непрепознатлива“ вели една госпоѓа.

Вработените во една продавница велат дека со Миљковиќ имаат само позитивно искуство.

„Ја обожавам Вики, најмногу ми се допаѓа тоа што е нормална жена. Во овој крај живеат многу богати кои се вообразени, но не ги гледа луѓето од висина. Разговара со нас исто како да сме исти. Ќе поразговара со нас и ќе се смее. Често кај нас доаѓа и жената која работи кај неа, исто така таа е фина“, вели Виолета.

To top