Радио Милева
случајна сличност или...

Таа е македонската „жена од султана“: Струмичката фолкерка Вукица Челебиева „е плукната“ Тијана Милентијевиќ? (ФОТО)

Таа е македонската „жена од султана“: Струмичката фолкерка Вукица Челебиева „е плукната“  Тијана Милентијевиќ? (ФОТО)

Српската пејачка Тијана Ем. (Милентијевиќ) нема кој не ја познава. Атрактивната фолкерка стана преку ноќ позната откако нејзината песна „Жена од султана“ стана мегахит во регионот, а подоцна потаблоидите се влечеше скандалот со наводната тепачка со нејзиното бившо момче, тогаш музичар во нејзината придружна група.

Оттогаш наваму, Тијана Ем не се симнува од насловниците… Стројна, бујна, надарена од мајката природа, доработена со ситни зафати на естетската хирургија српската фолкерка дефинитивно плени со својот изглед, заводливост и неодоливиот сексапил со кој зрачи како „нуклеарка од Чернобил“, што би рекле жаргонски… Само оваа, позитивно, се разбира!

Но, дали сте знаеле дека и Македонија има исто така своја „жена од султана“? Како и Тијана Ем и таа е фолк пејачка, која доаѓа од Струмица.

Подеднакво згодна, атрактивна, стројна и бујна, нашата Вукица Челебиева неодоливо потсетува на српската „жена од султана“, Тијана. Само што таа не е можеби толку популарна како српската пејачка, иако далеку од тоа дека е анонимна и непозната.

Но, затоа многумина велат дека во ликот и стасот, модниот стил и она што ја краси како атрактивност и сексапил, Вукица е „плукната“  Тијана Ем.

И навистина, ако подобро ги анализирате и компарирате обете пејачки, нема да бидете далеку од констатацијата дека згодната струмичанка во многу нешта е слична на атрактивната Србинка.

Или што би рекле, наша Вукица во многу што наликува на српската „певачица“!

Инаку, Вукица Челебиева со музика се занимава многу оддамна иако уште на самиот почеток на кариерата ќе направи мала пауза. Имено, во 2008 година тогаш 23-годишната струмичанка останува бремена и се мажи. Потоа заради мајчинството кариерата ја става на пауза, а по породувањето планира бргу да и се врати на музиката.

“Кариерата малку ќе почека, ќе одморам малку од настапите. По породувањето повторно и се враќам на музиката. Ќе настапувам и на некои од народните фестивали, но ќе го заобиколам Валандово годинава затоа што ќе бидам бремена во осмиот месец. Минатата година настапив заедно со групата “Златни прсти”, ја отпеав “Знам дека те познавам” и се пласирав во финалето”, ќе изјави тогаш Вукица.

Но очигледно домашниот есап не излегува ист со оној на пазар, наместо куса пауза, пејачката речиси ќе ја заврши кариерата… Но, само речиси, зашто потоа со чести прекини и повремени враќања на сцената, паузата ќе се оддолжи на цели десет години, по кои Вукица Челебиева сериозно ќе и се врати на музиката во полн сјај.

Со нови песни и настапи,  овој пат цврсто гази по музичката патека на успехот со својот стас и глас и е се’ повеќе барана, зашто со својата атрактивна појава и харизма никого не остава рамнодушен.

А, сличноста со српската фолк ѕвезда… Кој како сака нека си ја протолкува, иако едно е евидентно: Нашата Вукица е еднакво згодна, сексапилна и атрактивна, како и српската пејачка. Физичката сличност со Тијана… Најмалку им е важна на оние во кафеана, кога Вукица ќе им запее!

Фото: Инстаграм  и Фејсбук принтскрин/tijanaem_fanpage/Vukica Celebieva

 

Останати вести од Радио Милева