Радио Милева пензионерка

Таа е генетски џекпот: Актерката во 6-та деценија се соблече во бикини и го покажа неверојатното тело

Таа е генетски џекпот: Актерката во 6-та деценија се соблече во бикини и го покажа неверојатното тело

Американската актерка и водителка со индиско потекло, Падма Лакшми, е позната по неверојатната фигура, иако веќе е во 6-та деценија од животот.

Но, дека годините работат за неа и дека може да им парира на далеку помладите колешки, уште еднаш докажа со новото видео на Инстаграм на кое гордо позира во бикини.

Славната 51-годишна актерка споделила видео на кое ужива со својата ќерка во хавајските убавини и островските авантури, а нејзиното извајано тело предизвика „море“ од комплименти.

Падма во минијатурното црно бикини ги покажала долгите, затегнати нозе, рамниот стомак и бујното деколте, а уште еден голем плус е што оваа дама изгледа многу природно.

„Генетски џекпот“, „Оваа жена е фантастична“, „Природна убавица“, „Изгледа феноменално“, се дел од коментарите на воодушевените фанови.

Падма ја одржува одличната фигура со напорни тренинзи – открила дека посетува теретана најмалку 5 пати неделно. Обожува пилатес, склекови, кардио вежби, јога, но истакнала дека она што го променило нејзиното тело е – боксот. Исто така, актерката двапати месечно оди на лимфна дренажа.

Индијката води грижа и за исхраната, претпочита растителни намирници и се труди 50 отсто од нејзиниот дневен внес да е составен од овошје и зеленчук. Вели дека најчесто консумира леќа, интегрален ориз, грав, суво овошје, јаткасти плодови… Исто така, секојдневно пие по 3 литри вода.

To top