Радио Милева

Таа беше популарна ТВ водителка и првата сопруга на актерот Војин Ќетковиќ (ФОТО)

Таа беше популарна ТВ водителка и првата сопруга на актерот Војин Ќетковиќ (ФОТО)

Наташа Миловановиќ водеше неколку емиси во 90-тите години на РТС 3, а постарата публика најмногу ја памети по шоуто “Ќе те носам, само кажи каде”, која ја работеше во тандем со Душко Вучиниќ.

Додека беше популарна водителка, нејзиниот приватен живот се одвиваше далеку од очите на јавноста, но ниту еден медиум не пропушти да ја пренесе веста дека Наташа во 2001 година се омажи за актерот Војин Ќетковиќ, тогаш еден од најпопуларните актери од помладата генерација.

Сепак, нивниот брак траеше само неколку години, а наскоро по разводот, Наташа се пресели во Париз. Во едно интервју дадено во 2007 година, Наташа ќе каже  неколку зборови за нејзиниот приватен живот.

„Јас сум многу вљубена и во стабилна врска, Љубовта кај мене секогаш имала предност пред работата. Квалитетна врска со некој што не е од јавниот живот и кој долго не живее тука, а  е постар од мене  некоја година, морам да признаам, е вистинско освежување за мене“, изјавила Наташа тогаш.

To top