Радио Милева

Светското првенство му донесе среќа: Панчо се пофали со добивка од обложовалница!

Светското првенство му донесе среќа: Панчо се пофали со добивка од обложовалница!

Периодов на спортско поле главна тема е Светското првенство во Русија на кое веќе му се гледа крајот.

Викендов во Сочи се играше четврт финалето, па фановите на фудбалот навиваа за својот фаворит.

Во сабота вечер, се играше наптреварот меѓу Русија – Хрватска, натпревар кој до самиот крај беше неизвесен.

Македонскиот пејач Владимир Блажев изгледа дека го следи фудбалот, па облече дрес со боите на Хрватска и покажа дека навива за оваа репрезентација.

 

Меѓутоа, пејачот одлучи да си ја проба и среќата на спортска игра, така да пишал ливче, па  Панчо си доби 5759 денари. Ова не е првпат Панчо да добие на обложувалница.

 

Хрватска на пенали успеа да издвојува победа над Русија и да се пласира во полуфиналето кое ќе се игра во среда во 20ч меѓу Хрватска – Англија.

фото: фејсбук

To top