Радио Милева

Светските ѕвезди потресени: Американската стилска икона си го одзеде животот поради сопругот!?

Светските ѕвезди потресени: Американската стилска икона си го одзеде животот поради сопругот!?

Кејт Спејд беше омилената дизајнерка на Кејт Мидлтон, Миранда Кер, Сара Џесика Паркер и многу други славни дами.

Дизајнираше накит и чанти и беше американска стилска икона, а животот го заврши вчера (05.06) на ужасен начин. По веста дека е пронајдена мртва во својот стан на Менхетен, полицијата потврдува дека пронашла проштално писмо кое го оставила Кејт, пренесуваат светските медиуми.

heavy.com

Како што наведува полицијата, до самоубиството веројатно дошло поради проблеми во врската, а во писмото навела дека сака нејзината 13 годишна ќерка да знае дека никако не е одговорна за нејзината смрт. Телото е пронајдено од помошничката, а во станот бил и нејзиниот сопруг, но во другата соба.

A post shared by No One (@erica_tayl0r) on

Кејт си го одзела животот така што се обесила со шал. Кејт и Енди биле заедно уште од факултет. Енди е роден брат на славниот актер Дејвид Спејд.

По факултетот заедно работеле на заедничка продавница за облека, а во 1993 година создадоа сопствен бренд и станаа познати.

Дизајнот на кејт Спејд беше препознатлив. Едноставната линија и богатиот колорит беа доволна причина за нејзините чанти и накит да постои листа на чекање.

Останати вести од Радио Милева