Радио Милева Ужива во богатство

Светската поп – ѕвезда Адел и нејзиното момче се вселија во луксузна вила вредна 58 милиони долари (фото)

Светската поп – ѕвезда Адел и нејзиното момче се вселија во луксузна вила вредна 58 милиони долари (фото)

Пејачката Адел се всели во нова луксузна вила, која е една од четирите луксузни згради што таа ги поседува во „Беверли Хилс“.

Адел неодамна купила куќа од Силвестер Сталоне, а за вилата искеширала неверојатни педесет и осум милиони долари.

Оваа  зграда чекала една година да добие нов сопственик со оглед на тоа дека првичната цена изнесувала дури сто и десет милиони долари.

Популарната Адел се вселила со своето момче Рич Пол и објавила фотографија од новиот дом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Имотот на кој се наоѓа оваа вила е нешто што обичните луѓе не можат ни да го замислат. Што е тоа што вреди толку милиони долари и што сега е во сопственост на Адел?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Станува збор за имот од три ипол хектари, а самата вила има осум спални соби и дванаесет бањи, како и теретана. Ова не е единствената вила во сопственост на пејачката, таа има уште три импозантни куќи во близина, па слободно може да се каже дека е сопственик на целата населба, а поседува и куќа во Лондон.

Адел и нејзиното момче уживаат во љубовта, а некои медиуми шпекулираат дека тајно стапиле во брак.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/adele

To top