Пејачката Ерика Баду ги сподели резултатите од брзиот тест на Ковид-19, кој покажа дека во истовреме е и позитивна и негативна на коронавирусот!?
„Немам никакви симптоми. Се тестирав за Ковид-19. Иста амбуланта. Левата ноздрва позитивна. Десната ноздрва негативна” -напиша Баду и додаде дека лекарот го пријавил само позитивниот резултат.
Ерика била тестирана три пати тој ден со таканаречените брзи тестови за Ковид – 19.
„Ова е мој трет брз тест за 24 часа. Сите секогаш се тестираме, пред секој настап. Пред овој се тестирав двапати, и левата ноздрва беше позитивна, а десната негативна. Мора да ги испитаме овие тестови, си ги сакам парите назад“, додаде подоцна објавувајќи снимка при што ги објави и резултатите од тестот како доказ.
This is my third rapid test in 24 hours. SMH. It’s routine to take c19 test before a livestream broadcast for all band and crew. Earlier I took 2 and one was positive the other neg in separate nostrils ?? We need to investigate these tests further. I want my $ back . pic.twitter.com/AFIfX9Kg1q
— ErykahBadoula (@fatbellybella) November 13, 2020