Радио Милева гламурозна и кога е немоќна

Светската музичка икона од мјузиклот „Кабаре“, никогаш во полоша состојба: Лајза Минели е неподвижна!

Светската музичка икона од мјузиклот „Кабаре“, никогаш во полоша состојба: Лајза Минели е неподвижна!

Некогашната  музичка икона од мјузиклот „Кабаре“ после долго време се појави во јавноста, а како што може да се види на фотографиите кои се објавени, не изгледа најдобро. Таа била на вечера со стариот пријател, актерот Џорџ Хамилтон, а кога завршиле, ја извадиле од ресторанот во инвалидска количка и и’ помогнале да влезе во автомобилот.

Актерката претходно зборуваше за својата борба против енцефалитисот (енцефалитисот е воспалителна состојба која го зафаќа мозокот и е предизвикана главно од вируси), и дека лекарите и предвиделе дека нема да може да зборува и да оди.

Лиза која денес има 76 години и покрај се успеа да го задржи својот гламур и да блесне. Ѕвездата на филмот „Кабаре“ за одење во ресторан избрала црн костум кој го зачинила со накит, а фризурата по која е препознатлива се уште е тука.

Фото: Инстаграм принтскрин/officiallizaminnelli/Profimedia

To top