Тажна вест за љубителите на фудбалот: почина Диего Армандо Марадона, пренесуваат сите светски агенции и медиуми. Поголемиот дел од аргентинските фанови се’ уште не веруваат во веста која за само неколку секунди го обиколи светот.
Смртта се случила после кардиореспираторниот напад, срцев удар, кој големиот Диего го доживеал во неговиот дом во Тигре.
Марадона почина на 61 година. Како што пишуваат аргентинските меидуми, не постоеле шанси да му се спаси животот.
Така светот остана без едно од најголемите имиња во фудбалот на сите времиња.
Роден е во Ланус, Буенос Аирес, на 30 октомври 1960 година. Почнал во Аргентина Јуниорс, а играл уште за Бока, Барселона, Наполи, Севиља, Њуелс и повторно за Бока.
За репрезентацијата на Арентина одигра 91 натпревар и постигнал 34 голови, а го освоил СП во 1986 година.
Беше вистински волшебник на фудбалскиот терен, но и контроверзна личност, која имаше бурен живот надвор од него.