Трагична вест го погоди светскиот спорт. Американските медиуми јавуваат дека Коби Брајант го загуби животот во хеликоптерска несреќа во САД.
Информација за несреќата прв објави американскиот таблоид „ТМЗ“ за потоа и „Лос Анџелес Тајмс“ да излезе со фотографија од местото на несреќата со дополнување дека сите патници и членови на екипажот ги загубиле животите во падот на хеликоптерот. Според информациите во леталото не биле неговата сопруга Ванеса, како ни нивните четири ќерки: Џијана, Наталија, Бјанка и Капри!
Познатом е дека Коби со години користел хеликоптер како би се движел по Калифорнија, а таа негова навика датирала уште од времето кога бил активен играч на Ла Лејкерс.
„Свесни сме за вестите што кружат за Коби Брајант, наскоро ќе ве известиме со детали“, објави „Лоса Анџелес Тајмс“ на својата интернет страница, а веднаш потоа веста ја потврдија и бројни угледни светски медиуми како ESPN, како и најинформираниот кошаркарски новинар Адријан Војнаровски.
41-годишниот Брајант беше легенда на Лос Анџелес Лејкерс и целиот свој живот како играч им го посвети на „езерџиите“. „Црната Мамба“ имаше пет НБА-титули, а двапати беше МВП на финалињата.
Фото: ТМЗ Спортс