Радио Милева

Светот со години чекаше да се сретнат Џоли и Џенифер Анистон, сега тоа се случи и тоа изгледаше вака!

Светот со години чекаше да се сретнат Џоли и Џенифер Анистон, сега тоа се случи и тоа изгледаше вака!

Општо познато е дека Бред Пит ја изневери Џенифер Анистон со Анџелина Џоли, а тогаш беше во брак.

Бред и Анџелина се разведија во 2016 година, а медиумите се насладуваа со ова тврдејќи дека кармата е спора ама праведна. Деновиве, за време на доделувањето на „Златните глобуси“ на лутите ривалки им се споија патиштата.

Анџелина и Џенифер за првпат се сретнаа по разводот, а интересно е дека медиумите тоа го очекуваат уште од 2015 година, кога и двете присуствуваа на „Choise Awards“.

Претходно беа на доделувањето Оскар во 2009 година, кога мудро се држеа на дистанца. Ангелина на „Златни глобуси“ се појави со синот Пакс, пред да се појави Анистон.

Од друга страна, Џенифер излезе прва на бината и додели една од наградите, дали се сретнаа очи во очи засега е непознато, но кога Џенифер се појави на сцената Џоли само го извадила огледалцето, ја спуштила главата за да ја поправа шминката.

To top