Радио Милева

Светло црвени и зелени ѕидови, гардероба на сите страни: Ова е станот на Маја Маринковиќ (фото)

Светло црвени и зелени ѕидови, гардероба на сите страни: Ова е станот на Маја Маринковиќ (фото)

Маја Маринковиќ се прослави по скандалите кои ги предизвика во реалното шоу „Задруга“. Таа моментално живее сама, додека детството го поминала во стан во Белград со нејзиниот татко Радомир Таки Маринковиќ.

Имено, една од најинтригантните учеснички на овогодинешната „Задруга“, Маја Маринковиќ, еднаш ја отворила вратата и покажала каде живее.

Покрај пространата дневна соба, таа  кажала дека често ужива на терасата со другарките.

– Сакаме да се собираме. Овој стан го добив од дедо ми. Кога бев мала, сакав да поминувам повеќе време во Авала, таму имаме куќа и таму одев на училиште. Како што растев, се разбира, тука поминував повеќе време – изјави тогаш Маја.

Во една прилика таткото на Маја, Радомир Маринковиќ, зборуваше за нејзиното воспитување:

– Живееше под стаклено ѕвоно, имаше што сакаше. Јас и мојата покојна мајка ја одгледавме Маја, одевме на родителска, ја носевме на балет. Нејзината љубов ја купив со пари. Заљубување, пубертет, сето тоа го поминавме. И бегање од часови, одев да и ги оправдам сите часови, на крајот на краиштата, јас сум човек со модерни ставови, изјавил еднаш Таки.

Фото: Принтскрин/Митар/ Митровиќ/Рингиер

To top