Јавноста во регионот со денови ја тресе новатаљубовна афера за наводната врска помеѓу Северина Којиќ и Томислав Воштиниќ, сопственик на винарија од Хрватска. Од ден на ден се појавуваат нови детали од таа романса, па од извор близок до свекорот на пејачката Драган Којиќ – Кеба српските медиуми дознале дека тој прв го обелоденил неверството на неговата снаа.
Кога фолкерот, според нивниот соговорник, дошол да ја потврди таа информација, тој и неговата сопруга Оља му раскажале сè на својот син. Наводно, тоа се случило ова лето, кога Северина била претежно во нејзината родна Хрватска и никогаш не и паднало на памет да дојде во Белград. Фолкерот и неговата сопруга преку пријател од Загреб дознале дека таа е во шема со Воштиниќ. Потоа, Игор разговарал со Северина и и’ кажал за сознанието на неговите родители, па меѓу нив двајца дошло до уште поголема расправија.
По неколку дена, Северина на Инстаграм напишала дека Кеба и Оља се виновни за проблемите во нивниот брак.
„Покровители се Оља и Драган“ – налутено напишала Северина. Според изворот, Игор во почетокот не им верувал на своите родители, па се обидувал да ги изглади разнишаните односи со Северина, сè додека не се уверил дека неговата сопруга е неверна, кога решил дека треба да стави крај на бракот.
По ова, Северина ги отследила сите членови на семејството Којиќ од Инстаграм: Кеба, Оља, како и сестрата на Игор, Наташа Којиќ -Таша, а набргу потоа ги собрала сите свои работи од семејната куќа на Којиќ, каде што редовно престојуваше кога ќе дојдеше во Белград.
Северина и семејството Којиќ во моментот не одговараат на повиците на српските медиуми, кои се обидуваат да дојдат до вистината.