Во Музејот на македонската борба, в сабота со почеток во 20 часот, свечено ќе биде отворен Фестивалот „Златна лира“ со концертот „Руска бајка“ – вечер со руски романси на кој ќе настапат Билјана Камчева – сопран и Елена Сиљаноска – пијано.
Фестивалот на камерна музика „Златна лира“ што Сојузот на музичките уметници на Македонија – СМУМ традиционално секоја година го организира во месец октомври, свечено ќе биде отворен во сабота, 16 октомври во Музејот на македонската борба со концертот насловен „Руска бајка“ – вечер на руски романси. Низ музичкото патување со некои од бисерите од руската вокална литература ќе нè однесат сопранот Билјана Камчева во придружба на пијанистката Елена Сиљаноска. На програмата на концертот се дела од композиторите Шереметјев, Тарновска, Харито, Козин, Абаза, Аљбјев, Дељмаз, Шабордина, Бабаџњан.