Мегафон

Свечена промоција на дипломираните студенти и магистри на УТМС

Свечена промоција на дипломираните студенти и магистри на УТМС

На 26 Ноември 2017 година во Македонска опера и балет во Скопје се одржа уникатна, свечена промоција на деветтата генерација дипломирани студенти на прв циклус студии и на седмата генерација магистрирани студенти на втор циклус студии на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје. Свечената промоција започна со обраќање на ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, проф. д-р Аце Миленковски кој во својот говор ја потенцираше моќта на знаењето, посветеноста кон работата, заложбите за интернационализација на УТМС во насока на постојано иновирање и креативно реализирање на наставата преку која студентите се стекнуваат со квалитетни теоретски и применливи знаења, а со тоа се профилираат како високо конкурентни на пазарот на трудот. Во тој контекст Ректорот истакна: „Вечерва Ви се обраќам со неизмерно задоволсто и бескрајна радост, затоа што нашите успеси, нашата истрајност и нашата посветеност имам можност да ја споделам со Вас, да се радувам заедно со Вас. Вие, кои во изминатиот период несебично и секојдневно бевте мислата, желбата и пламенот на нашата поддршката, Вие кои не глорифициравте, Вие кои не следевте, вие кои имавте иста желба со нас, да бидеме најдобри, да бидеме препознатливи, да бидеме единствени и неповторливи. Вие, почитувани студенти, сте најсилниот партнер на УТМС, најсилниот партнер на светот, најголемата надеж на секое демократско општество, Вие сте нашите бренд лидери, бренд лидери по кои не препознаваат другите“.

Исто така во своето обраќање, ректорот, проф. д-р Аце Миленковски, го потенцираше перманентното инвестирање на академскиот кадар во воспоставување на високи едукативни стандарди според примерот на познатите светски универзитети за што говорат и бројните награди за квалитет во високото образование, за бизнис престиж, супер бренд и други.

Своето обраќање Ректорот го заврши со силна порака: „УТМС како престижна високо-образовна институција има постигнато врвни резултатит и успеси. Престижот сите нас не обврзува многу сериозно да размислуваме за иднината, исклучително внимателно да го следиме патот на светски најуспешните универзитети. Наша идна заложба е да продолжиме да образуваме и продуцираме кадри кои ќе направат радикални промени во насока на подобрување на општествената и економската благосостојба на Р. Македонија.”

На свеченоста беа доделени награди и признанија на вработени со врвни достигнувања во образовната и научно-истражувачката работа на УТМС.

На промоцијата присуствуваа видни личности од релевантни институции, претсавници од деловната заедница, амбасадори во Р. Македонија и други гости. По доделувањето на дипломите и традиционалното фрлање на капите, свеченоста беше одбележана со коктел за сите присутни гости.

Импресивната, сепктакуларна и сензационална промоција предизвика воодушевувањето и задоволството на дипломците и магистрите, нивните семејства и пријатели, како и на другите гости, која според коментарите на сите, е уникатна во Македонија, каков што е и УТМС.

To top