Вељко и Богдана Ражнатовиќ се венчаа вчера, а во хотелот се случи забава за паметење.
Свадбената торта беше тешка 70 килограми, исто колку што беше и на венчавката на Цеца, имаше шест спратови и златни детали.
Младите земаа по едно парче, а останатото го послужија на стотината гости, од кои многумина се фатија за микрофонот, како што беа Радиша трајковиќ Ѓани, Саша Матиќ и Сања Ѓорѓевиќ.
Младоженецот и невестата цело време беа расположени, се гушкаа и бакнуваа.