Радио Милева бајковита венчавка

Свадбата на славната блогерка ја засени и онаа, кралската на принцот Хари и Меган Маркл (ФОТО)

Свадбата на славната блогерка ја засени и онаа, кралската на принцот Хари и Меган Маркл (ФОТО)
Свадбата на популарната италијанска блогерка Кјара Ферањи на Сицилија веќе е прогласена за настан на годината, уште поголем и од кралската свадба. Експертите го споредиле медиумското значење на нејзиното стапување во брак со венчавката на Меган Маркл и принцот Хари.
Аналитичарите заклучија дека секоја од невестите имала брендирана венчаница од познат дизајнер и дека познатите брендови направиле многу пари на неа. Сепак, тие истакнуваат дека италијанската блогерка  донел дури два пати повеќе пари од војвотката од Сасекс.

Во случајот на Кјара, медиумите постојано зборуват за нејзината венчавка, а таа му донела на Диор 5,2 милиони долари, а дури 1,6 милиони само од постовите во кои таа зборуваше за венчалниот фустан.

Вредноста на влијанието на медиумите (MIV) е алгоритам кој е формулиран за мерење на вредноста на дигиталната покриеност и пласманите на брендот во медиумите.

Диор добил дури 15 отсто од целата МИВ за свадбата на Кјара, додека Живанаши, кој ја дизајнираше свадбената венчаница на Меган Маркл, заработил само 7 % (седум отсто) од кралската свадба.
Ова значи дека венчаницата на популарната Италијанка имала двојно поголемо влијание од фустанот на Меган Маркл.

Единствената личност која не беше импресионирана од венчаницата беше модниот дизајнер Стефано Габана, кој рече дека му изгледа евтино.

На свадбата на оваа популарна девојка  можеа да се видат други брендови како Прада, Ланком, Алберта Ферети …
Убавата Италијанка се омажи со раперот Федез (28) на романтична церемонија минатата сабота.
Модната блогерка има околу 14 милиони следбеници на Instagram, а нејзината венчаница е инспирирана од   бајковити мотиви.

To top