Радио Милева

Свадба и крштевка во едно: Новинарката на Сител беше невста во уникатна венчаница, но најубавиот цвет во нејзините раце беше ќерката Каја (фото)

Свадба и крштевка во едно: Новинарката на Сител беше невста во уникатна венчаница, но најубавиот цвет во нејзините раце беше ќерката Каја (фото)

Убавата и шармантна уредничка на бизнис вестите на ТВ Сител, Наташа Мерсовска пред речиси една година за првпат стана мајка.

Таа и нејзиниот избраник Александар се потпишаа во матично, но изостана црковната венчавка која сега ја споија заедно со крштевката на нината ќеркичка Каја.

Мама и тато има повод за дупла среќа во еден ден. Славеа заедно со најблиските, а невестата го имаше најубавиот цвет во рацете, малата наследничка Каја.

„Заврши свадбата, а ние два дена се опоравуваме. Мислам дека беше одлична журка, музиката и коктелите ептен завршија работа. Гостите си поминале добро, а ние уште подобро. На почетокок сакавме да биде само крштевка, но бидејќи и ние не бевме венчани, решивме бракот да го озваничиме и пред Бога па потоа да се собереме со најблиските и да прославиме“, раскажа Наташа за Женски магазин.

Иако со задоцнување, Мерсовка сепак облече бело, но избра алтернативна венчаница сочинета од топ со цветни детали, комбиниран со широки макси бели панталони кои изгледаат како здолниште, но создаваат одлична стилска целина.

Тато Александар пак, избрал костум со елек, а пак кај него најубавиот аксесоар беше насмевката која е неминовна покрај своите две убавици.

Честитки!

To top