Водителката Сузана Манчиќ во својата емотивна исповед истакна дека пред да ги добие ќерките Теодора и Наталија водила борба за потомство.
Имено, таа откри дека три пати изгубила бебе, а докторите и откриле дека сите три пати биле момчиња.
„Јас сум силна жена и се што ми се случуваше го прифатив како потреба. Упорно одев кон својата цел еден ден да добијам дете, а тоа не се случуваше се додека не сфатив дека треба да се смирам, да направим распоред во животот, да ги одложам сите обврски, да легнам во кревет како би ја зачувала „бременоста“. За мене тоа немаше смисла, јас која бев здрава жена да го изгубам првото, па второто, па третето дете“, вели Манчиќ за „Хело“.
Таа во својата книга откри дека сите три бебиња кои ги изгубила биле момчиња.
„Иако докторите ми кажаа дека биле машки, не можев да бидам сигурна дека сите три биле синови. Но, јас сакав да имам син Александар, па мојот татко и син Стојан. Отсекогаш ги сакав тие стари имиња. На првиот ултразвук со Теодора повторо помислив дека е момче. Кога докторот ми кажа дека е девојче плачев како последна селанка. Но, мојата желба за момче настана од многу себична причина. Јас сум единствена ќерка и морав да бидам и маж и жена, сама да се борим против сите забрани, родителски, друтвото…Морав сама да си обезбедам и заштита и оправдување, се она што го идеализирав во улогата на постариот брат доколку го имав“, раскажува Манчиќ.
Потсетуваме, водителката сега има две ќерки кои се вистински убавици.