Радио Милева

Сузана Манчиќ сите ја видоа во венчаница, ама еве како изгледаше „младоженецот“! (ФОТО)

Сузана Манчиќ сите ја видоа во венчаница, ама еве како изгледаше „младоженецот“! (ФОТО)

Сузана Манчиќ вчера го кажа судбоносното “ДА” во Грција, татковината на нејзиниот долгогодишен избраник Симеон Оцомокос. По неколку одложувања на венчавката, тие конечно станаа сопружници.

Манчиќ не ги криеше ни венчаницата ни доброто расположение, а  покрај неа беа и ќерките  Теодора и Наталија, како и матичарката Зорана Шулц – пренесува српски Блиц.

Сузана се одлучила за невообичаена венчаница во два дела во која таа се чувствувала удобно, носејќи декоративна шапка на главата.

Инаку, Сузана и Симеон се заедно деценија и пол, а во неколку наврати Сузана дури и изјави дека е во добри односи со својот поранешен сопруг, додека Симеон е и тоа како близок со нејзините ќерки.

To top